Свет 12. март 2020. / 22:30

ЕУ формираше инвестициски фонд за да го ублажи ударот врз економиите погодени од Ковид-19

ЕУ формираше инвестициски фонд за да го ублажи ударот врз економиите погодени од Ковид-19

Лидерите на Европската унија досега не успеаја да договорат радикални мерки за решавање на кризата со појавата на корона вирусот.

Шефот на унијата Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската комисија ќе формира заеднички инвестициски фонд со 25 милијарди евра (28 милијарди американски долари) од постојните ресурси за да го ублажи ударот на ранливите сектори на економиите на блокот.