Свет 07. June 2018. / 16:55

Естонија започнува со бесплатен автобуски превоз за да ја зајакне руралната економија

Естонија започнува со бесплатен автобуски превоз за да ја зајакне руралната економија
Естонската влада планира да им понуди на своите граѓани бесплатен автобуски превоз со надеж за стимулирање на руралната економија.

Портпаролот на Министерството за економија, Расмус Рууда, за Асошиејтед Прес во средата изјави дека новата автобуска шема, која ќе започне од 1-ви јули, ќе им понуди бесплатен превоз на Естонците на општинските автобуски линии.

Овој план, рече тој, треба да го зголеми патувањето и вработувањето.

Овие мерки во почетната фаза нема да бидат спроведени на национално ниво, бидејќи некои општини во малата балтичка земја од 1,3 милиони се одлучија да не учествуваат во овој план.

Во 2013 година, Талин започна со бесплатен јавен превоз во автобусите, трамваите и подоцна и во возовите за жители во градот и го оцени овој потег како голем успех.

Градските власти соопштија дека потегот создал работни места и донел значителни даночни приходи.