Ерменскиот патријарх Гарегин Втори му упати писмо на рускиот претседател Владимир Путин во кое изрази благодарност за мерките кои се преземени за да се зачува историското наследство во Нагорно Карабах.
Во писмото високо се оценети напорите на руските власти и лично на претседателот на Русија за да престанат борбите, да се воспостави прекин на огинот и да се врати мирот и стабилноста.
– Сакам лично Вам да Ви изразам голема благодарност за преземените мерки со цел зачувување на историското наследство на ерменскиот народ на териториите кои се предадени на Азербејџан, древни манастири, цркви и споменици на културата, наведе патријархот.
Тој особено истакна дека благодарение на руските мировници распоредени во регионот е овозможено нормално функционирање на познатиот ерменски манастир Дадиванк.