Свет 30. октомври 2019. / 09:52

Ерменија ја поздрави одлуката на САД за признавање на турскиот геноцид врз Ерменците

Ерменија ја поздрави одлуката на САД за признавање на турскиот геноцид врз Ерменците

Ерменскиот премиер Никол Пашињан ја поздрави одлуката на Претставничкиот дом на САД да го признае геноцидот врз Ерменците извршен од Османлиската империја во 1915 година.

– Го поздравувам историското гласање на Конгресот на САД, кој го призна Геноцидот врз Ерменците. Резолуцијата 296 е смел чекор во служба на вистината и историската правда, која ќе им донесе утеха на милионите ерменски потомци – напиша Пашињан на Твитер.

Ерменскиот премиер ги поздрави сонародниците и изрази восхит кон ерменската дијаспора во САД, чија посветеност и упорност биле движечката сила и инспирација за историското гласање.

– Правдата и вистината беа одразени во историската резолуција 296 на Претставничкиот дом. Тоа е почит кон жртвите на геноцидот. Длабока благодарност кон сите кои гласаа за резолуцијата – порача Пашињан.


Претставничкиот дом на САД синоќа изгласа признавање на геноцидот на народот на Ерменија од страна на Османлиската империја. Прес службата на Претставничкиот дом соопшти дека за одлуката гласале  405 конгресмени, а 11 биле против.