Свет 04. декември 2020. / 12:03

Ергодан: Убиството на иранскиот научник е намера да се расипе мирот во регионот

Ергодан: Убиството на иранскиот научник е намера да се расипе мирот во регионот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ергодан, изјави дека убиството на иранскиот научник за нуклеарна физика Мохсен Фахризаде е извршено со цел да се расипе мирот во регионот.

-Убиството на иранскиот научник за нуклеарна физика Мохсен Фахризаде е насочено против мирот во регионот, но оние кои имаат таква цел нема да успеат, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани.

Ердоган изразил длабока тага поради убиството на Фахризаде и сочувство до иранскиот народ и семејството на научникот. За време на разговорот двајцата претседатели се осврнале и на ситуацијата во Нагорно-Карабах, регионални прашања и начини за развој на меѓусебните односи.

Мохсен Фахризаде беше убиен од непознат вооружен напаѓач во периферијата на главниот град Техеран, на 30-ти ноември, со што стана петтиот ирански нуклеарен научник кој е убиен од 2010та.