Свет 07. ноември 2020. / 12:18

Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за бомбашки напади во Карабах

Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за бомбашки напади во Карабах

Ерменија и Азербејџан во саботата објавија дека другата страна ги бомбардирала нивните населби во спорниот регион Нагорно Карабах.

Ереван рече дека азербејџанската војска го бомбардирала градот Шуши преку ноќ и дека „ерменските единици успешно одбиле неколку напади“, но истакна дека ситуацијата во главниот град на непризнатата република Степанакерт и другите градови останува „релативно мирна“.

Баку ги отфрли овие тврдења и ги обвини ерменските сили за гранатирање села во три региони во Нагорно Карабах.

Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Досега се прогласени три примирја, на 10, на 17 и на 26 октомври, но сите се неуспешни и продолжуваат судирите.