Свет 25. септември 2018. / 21:56

Ердоган: Советот за безбедност на ООН треба да се прошири

Ердоган: Советот за безбедност на ООН треба да се прошири

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, повика на реформа на Советот за безбедност во говорот пред Генералното собрание на ОН.

Според него, ОН постигна непобитни успеси за 73 години, но се оддалечува од исполнувањето на очекувањата на човештвото за мир и просперитет. Тој побара да се прошири составот на Советот за безбедност.

,,Турција станува глас на светот, бидејќи светот е поголем од пет”, нагласи Ердоган, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои имаат право вето.