Свет 21. април 2020. / 12:07

Ердоган: Сирија ја користи кризата со коронавирусот за да го крши примирјето

Ердоган: Сирија ја користи кризата со коронавирусот за да го крши примирјето

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера ја обвини сириската Влада дека ја користи преокупираноста на светот со пандемијата со Ковид-19 за да ги интензивира нападите во северозападниот дел од Сирија, што е под контрола на бунтовниците, со што го крши примирјето.

Тој и се закани на Сирија ако продолжи да го крши примирјето во провинцијата Идлиб.

Турција останува посветена на договорот што го постигна со Русија и нема да дозволи агресија од режимот. Ако режимот, кој го крши примирјето и другите услови од договорот, продолжи на овој начин, ќе плати цена и ќе има тешки загуби, посочи Ердоган.

Договорот за прекин на огнот е постигнат на 5 март со посредство на Русија и Турција, кои поддржуваат различни страни во судирот во Сирија.