Свет 12. септември 2018. / 15:24

Ердоган си ги прошири овластувањата, сега ќе управува и со комплетните монетарни резерви на државата

Ердоган си ги прошири овластувањата, сега ќе управува и со комплетните монетарни резерви на државата

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган се именува себеси за претседател на државниот суверен фонд, го промени севкупниот состав на Управниот комитет и го назначи министерот за финансии Берат Албајрак како негов заменик, беше објавено денеска во Службен весник на Турција.

Оваа промена е последна во серијата чекори што Ердоган ги презеде за зајакнување на своите овластувања откако победи на претседателските избори во јуни, каде што стана извршен претседател со многу пошироки овластувања отколку порано, објави Ројтерс.