Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористите не се повлекле целосно од регионот покрај турската граница со Сирија.
Erdogan нагласи дека до моментот не е почитуван крајниот рок од 120 часа договорен со САД ниту тој од 150 часови договорен со меморандум со Русија за повлекување на терористите од определениот појас покрај границата со Сирија.
– Терористите продолжуваат со напади врз Сириската национална армија (сириски бунтовници поддржани од Анкара) која соодветно им возвраќа – изјави Ердоган.
Според турскиот претседател, само утрово таа војска имала 11 жртви.