Свет 29. јули 2018. / 09:59

Ердоган: САД би можеле да ја изгубат Турција како сојузник

Ердоган: САД би можеле да ја изгубат Турција како сојузник

САД може да го изгубат својот “искрен” сојузник ако Вашингтон не го смени својот став кон Анкара. Тоа го предупреди турскиот претседател Тајип Ердоган, цитиран од ТВ Ти Ти.

“Ние не сме обврзани со САД, не треба да заборават дека ако не го менуваат својот став, тие ќе загубат силен и искрен сојузник во лицето на Турција “, рече Ердоган, коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за случајот на американскиот пастор Ендру Бренсон.

  Претседателот на САД Доналд Трамп  и се закани на  Турција со “значителни казни” поради долготрајната задржување на американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е обвинет за врски со ФЕТО .
Според турските власти, Бренсон, кој ја предводи малата протестантска црква во Измир, кој беше еден од првите осудени Американци по државниот удар во Турција во 2016 година, има врски со групата осомничена за обид за државен удар.Претходно оваа недела Ендрју Бренсон беше ставен во домашен притвор, но американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е несоодветен и инсистира на целосно ослободување на американскиот пастор.