Свет 25. октомври 2019. / 11:12

Ердоган: Русија согласна да воспоставиме област за надгледување во Сирија

Ердоган: Русија согласна да воспоставиме област за надгледување во Сирија

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција и Русија се согласиле Анкара да воспостави област за надзор североисточно од сирискиот град Манбиџ за да ја заштити оваа област.

– Побаравме површина со големина пет на 19 километри, североисточно од Манбиџ, за да го заштитиме тој регион. Постигнавме договор со Русија за ова. Тоа ќе биде нешто како место за надгледување – изјави Ердоган.

Двајцата претседатели во вторникот постигнаа договор за поделба на контролата над североисточна Сирија, што бара повлекување на курдските борци по целата должина на сириско-турската граница.

Според договорот, Турција ќе ја задржи контролата над областите во кои влезе од почетокот на офанзивата на Сирија, а руските и сириските трупи ќе го контролираат остатокот од границата.

Путин и Ердоган исто така се согласија дека нивните трупи ќе спроведат заеднички патроли на пограничното подрачје.