Свет 13. јануари 2021. / 10:51

Ердоган отвори профил на „Телеграм“

Ердоган отвори профил на „Телеграм“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера отвори свој канал на платформата Телеграм.

-Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на Телеграм! Ви благодарам што се претплативте на нашиот Телеграм канал. Денеска отвораме и нов канал на новата платформа БИП, напиша синоќа Ердоган на каналот.

Каналот на Ердоган е верификува-ѓн од Телеграм, а заклучно со синоќа тој веќе има повеќе од 128.000 следбеници, наведе Тасс.

Неодамна, многу корисници на социјални мрежи и месинџери го напуштија WhatsApp, поради ажурираните услови за користење, според кои своите податоци мораат да ги споделуваат со Фејсбук.

Одлуката дека на Фејсбук ќе му бидат проследени телефонските броеви, трансакциите и IP-адресите на корисниците на WhatsApp беше критикувана во Турција, при што многумина се префрлија на Телеграм и БИП, месинџер на турската телекомуникациска мрежа Турксел.