Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја отфрли светската осуда на одлуката на Анкара да ја претвори Аја Софија во џамија, со порака дека станува збор за суверено право на Турција.
Ердоган претходно рече дека првите молитви во оваа нова џамија ќе се одржат на 24-ти јули.
Тој повика Аја Софија да се претвори во џамија.
„Оние кои не преземаат чекори против исламофобијата во сопствените земји ја напаѓаат Турција, која ги користи само своите суверени права“, рече Ердоган.
Тој изјави дека оваа одлука е донесена не затоа што Анкара е заинтересирана за тоа што ќе кажат другите, туку затоа што тоа е право на Турција и она што го сака нацијата.
„Исто е како што сторивме во Сирија во Либија и на други места“, рече денеска Ердоган.
Грција, Франција, Русија, ЕУ и САД брзо го осудија потегот на Анкара.
Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, изјави денеска дека Русија жали за таа одлука.
Според него, храмот е на територијата на Турција, но без сомнение е наследството на сите.
Се надевам дека Турција целосно ќе ги почитува сите обврски во врска со статусот на црквата како светско наследство во однос на управувањето, заштитата и пристапот, рече Грушко.
Поглаварот на одделот на Руската православна црква за надворешни односи, митрополитот Иларион, изрази тага поради одлуката на турските власти.
– Се надевавме до крајот дека турското раководство ќе се откаже или ќе ја смени одлуката, а тоа претставува голема тага и болка за нас, рече митрополитот.