Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција ќе остане силна без оглед на ,,обидот за економски удар “ и тензиите ме]у Анкара и Вашингтон.
Во обраќањето пред делегатите на Конгресот на неговата АКП партија , Ердоган рече дека земјата се соочува со ..економски закани , санкции , каматни стапки и инфлација.” ,, Ќе3 им кажеме дека ја увидовме нивната игра и дека ќе се спротиставиме.” , рече Ердоган.
Тој рече и дека никој нема да успее да го спречи зајакнувањето и развојот на Турција , ниту ќе го попречи остварувањето на сите планови. Турската лира е повторно во пад , по кусата стабилизација , откако САД најавија нови санкции за Турција доколку не го испорача американскиот свештеник.
Дипломатскиот спор ги загрижи инвеститорите . Турција има огромен долг со задолжувања за поттик на економскиот раст. Тој долг сега е поскап за исплата , поради растот на вредноста на доларот во однос на лирата , така што може да доведе до банкрот на компании .
Во исто време економските експерти се плашат дека Турција може да биде доведена во рецесија.