Свет 26. јануари 2020. / 11:27

Ердоган не очекува Хафтар да го почитува примирјето во Либија

Ердоган не очекува Хафтар да го почитува примирјето во Либија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не може да се очекува командантот на Либиската национална војска Калифа Хафтар да го почитува прекинот на огнот меѓу неговите сили и провладините трупи во Либија.

– Не може да се очекува милост и разбирање од некој како Хафтар кога станува збор за примирје – изјави Ердоган, коментирајќи ги новите прекршувања на примирјето.

Турција ја поддржува меѓународно признатата влада на Либија, со седиште во Триполи и повеќе пати ги оквалификува Хафтар и неговите сили како нелегитимни.