Свет 21. април 2020. / 09:34

Ердоган ја обвини Сирија дека ја користи пандемијата и го крши примирјето во Идлиб

Ердоган ја обвини Сирија дека ја користи пандемијата и го крши примирјето во Идлиб

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја обвини сириската Влада дека ја користи преокупираноста на светот со пандемијата со Ковид-19 за да ги интензивира нападите во северозападниот дел од Сирија, што е под контрола на бунтовниците.

Ердоган истакна дека со тоа Сиријците го кршат примирјето и се закани кон Сирија дека ќе плати ако продолжи да не го почитува договорот за прекин на огнот.

Турција останува посветена на договорот што го постигна со Русија и нема да дозволи агресија од режимот. Ако режимот, кој го крши примирјето и другите услови од договорот, продолжи на овој начин, ќе плати цена и ќе има тешки загуби – истакна Ердоган.

Договорот за прекин на огнот е постигнат на 5 март со посредство на Русија и Турција, кои поддржуваат различни страни во судирот во Сирија.