Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини денеска САД поради поддршка на курдските бунтовници, кои според Анкара убиле 13 киднапирани Турци во северниот дел на Ирак, додавајќи дека осудата од страна на Вашингтон претставува „шега“.
Турција вчера соопшти дека бунтовници од забранетата Курдска работничка партија (ПКК) ги убиле 13-те Турци, вклучително и воен и полициски персонал, за време на воена операција против групата. Вашингтон наведе дека ги осудува убиствата доколку се потврдат извештаите дека ПКК е одговорна.
Ердоган изјави пред приврзаниците на неговата Партија на правда и развој дека соопштението на САД покажува дека ги поддржува ПКК и сириските курдски сили ЈПГ, за кои Анкара смета дека се поврзани со ПКК.