Свет 10. април 2020. / 14:17

Ербас ги стопира плановите за новиот авион за долги летови A321

Ербас ги стопира плановите за новиот авион за долги летови A321

Францускиот произведител на авионите „Ербас“ во петокот објави дека ги стопира своите планови за изработка на новиот авион А321, во фабриката во Тулуз, поради брзото ширење на корона вирусот.

Портпаролот на компанијата истакна дека „плановите за линијата за производство на авионот А321 се стопирани, ставени во мирување, кога работите ќе одат кон подобро, ќе им се вратиме на плановите“.

Главниот извршен директор на копманијата, Гијом Фаури претходно изјави дека „Ербас“ ќе „хибернира“ нови инвестиции за да заштеди пари.

Претходно оваа недела „Ербас“ соопшти дека ќе го „стави на пауза“ производството во своите постројки во САД, од оваа недела до 29 април, а во Германија од 6 април до 27 април.