Канадската авиокомпанија „Ер Канада“ соопшти дека ги прекинува авионските врски со САД, откако двете држави се договорија да го продолжат ограничувањето на прекуграничните патувањаа за дополнителни 30 дена поради пандемијата на Ковид-19.
„Ер Канада“ наведе дека последните комерцијални летови помеѓу Канада и САД ќе бидат на 26 април.
Канадскаата авиокомпанија планира да ги обнови летовите на 22 мај доколку не бидат продолжени владините ограничувања.
Сите патувања помеѓу Канада и САД што не се нужни се забранети од 21 март, иако границата и понатаму е отворена за трговија.
Авиокомпанијата „ВестЏет“ исто така ги стопира прекуграничните и меѓународните летови до 4 јуни.