Компанијата „Боинг“ ќе плати повеќе од 2,5 милјарди долари на крајот од истрагата за двата случаи со „737 макс“, во кој загинаа 346 луѓе, објави американското Министерство за правда.
Министерството соопшти дека спогодбата со Боинг предвидува парична казна во износ од 243,6 милиони долари и исплата оштета на кушувачите на авиони „737 макс“ од 1,77 милијарди долари.
Исто така, се предвидува основање на фонд вреден 500 милиони долари за надокнада на штета на наследниците и роднините на настраданите патници, наведува Ројтерс.
Една од авионските несреќи со смртни последици во која беше вклучен „737“ се случи во Етиопија. Тогаш загинаа 157 патници и членови на екипажот.
Само неколку месеци пред тоа, авионот на „Лајот еир“ со 189 патници и членови на екипаж се сруши во Индонезија, неколку минути по полетувањето од Џакарта. Ниту еден не преживеа.
Листата на несреќи во кои е вклучен авионот од типот „737“ е проширена и која леталото со 143 патници и членови на екишажот слетаа во реката Сент Џорџ во близина на Џексонвил на Флорида.