Свет 17. јуни 2020. / 12:58

Епидемијата во Бразил надвор од контрола: До крајот на неделава ќе има повеќе од милион заразени

Епидемијата во Бразил надвор од контрола: До крајот на неделава ќе има повеќе од милион заразени

Според очекувањата во Бразил, до крајот на неделава бројот на заболени од корона вирус ќе достигне еден милион. Оваа земја после САД бележи најголем број на случаи.

Во последните 24 часа во Бразил е постигнат рекорд – регистрирани се дури 34.918 новозаболени, со што вкупниот број достигна над 920.000.

Во истиот период починале 1.300 луѓе со што вкупниот број изнесува 45.241.

Како што наведуваат експертите, бројот на заболени и починати не покажува знаци на забавување на вирусот, поради што земјата се смета за нов епицентар на вирусот, во која состојбата се влошува од ден во ден.

Во оддалечените делови на Амазонија, каде што пристапот до интензивна нега и болничко лекување е отежнат и во кои живеат автохони народи, најважна е превенцијата, поради тоа што жителите на тие области се служат со традиционална билна медицина.

На одделни жители во источните делови на земјата им е советувано да го земаат лекот против маларија – хидроксихлорокин, за да се држи под контрола вирусот, како и да пијат чај од билка џамбу, која во традиционалната медицина се користи како лек против забоболка.