Државите во светот може да се соочат со недостиг на антибиотици доколку не се решат проблемите со фармацевтската индустрија предизвикани од епидемијата на корона вирус во Кина.
Тоа, на тркалезната маса во Пекинг, го изјави претседателот на трговската комора на Европската унија во Кина, Jорг Вутке.
Вутке нагласи дека епидемијата на корона вирус имала негативно влијание врз синхронизирањето на доставувањата на антибиотици во Кина.
Во меѓувреме, кинеските власти соопштија дека бројот на смртни случаи од корона вирусот во Кина достигнал 1.868.