Свет 16. јули 2019. / 10:16

Епидемија во Мјанмар: Починати 53 лица од свински грип за помалку од еден месец

Епидемија во Мјанмар: Починати 53 лица од свински грип за помалку од еден месец

Мјанмар зафатен со епидемија на свински грип, вирусот Х1Н1 веќе почна да зема замав.

Епидемијата на свински грип, вирусот Х1Н1, се прошири на поголем дел од Мјанмар, а досега починале 53 заразени лица, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Епидемијата на свински грип во Мјанмар се појави минатиот месец, а првиот смртен случај е забележан на 19 јуни во Јангон.