Свет 18. ноември 2019. / 15:47

„Емирати“ нарачаа 50 Ербас авиони со вредност од 16 милијарди долари

„Емирати“ нарачаа 50 Ербас авиони со вредност од 16 милијарди долари

Авиокомпанијата „Емирати“ нарачала 50 Ербас авиони од типот „А350“ по каталошка цена од 16 милијарди долари. 

Договорот е потпишан на Саемот за воздухопловство во Дубаи, пренесува агенцијата Ројтерс.

Команијата „Емирати“ првично планирала да нарача 70 авиони од францускиот производител – 40 авиони тип „А350“ и 30 авиони „А3030-90neo“, но се откажала од нарачката на „А330“, одлучувајќи се за 50 авиони „А350“.

Авиокомпанијата е се уште во преговори со Боинг за судбината на нејзината нарачка на 40 боингови авиони „787 дримлајнер“.