Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека ќе започне да работи на “рамки и правила” за исламот во Франција, пишува Франс Пресс. Во своето годишно обраќање на заедничката седница на Парламентот, тој рече дека “Франција како секуларна земја нема причина да има проблеми со исламот или со која било друга религија”.
Сепак, тој рече дека “постои радикален или агресивен Ислам, кој ги доведува во прашање нашите правила и закони, како и принципите на слободна држава и општество”. Заедно со Француската Влада, со години се обидувам да дознаам како да се справиме со зголемената популарност на цврстите и радикални толкувања на Исламот во сиромашните предградија, каде голем дел од населението е со имигрантско потекло.
Макрон изјави дека “огромно мнозинство” на француските муслимани ја прифаќаат секуларноста, при што “градиме општество каде религиите соработуваат со државата, градат доберба со неа и меѓу себе. Затоа ние, со цел да ги сочуваме темелните вредности на нашето општество, но со нужна почит кон сите верски убедувања. Со таа цел, му даваме на Исламот јасни рамки и правила, со чија помош тој не би дошол во судир со законите и вредностите на Република Франција” рече францускиот претседаел Емануел Макрон, при обраќањето во францускиот парламент.