Британската кралица Елизабета Втора ги повика Британците да се обединат и да пронајдат заеднички јазик, во порака упатена во момент на поделби и расправи меѓу британските пратеници во врска со напуштањето на државата на Европската унија.
Во говор на Универзитет таа нагласи дека е важно „да се зборува убаво за другите и да се почитуваат различните ставови пред новите предизвици“.
– Континуираниот нагласок на трпение, пријателство силен фокус врз заедницата и земање предвид потреби на другите денес се важни колку и кога таа група е основана пред сите овие години-нагласи кралицата. Таа додаде дека секоја генерација се соочува со нови предизвици и можности.
– Предност дава на проверени рецепти како што е да се зборува убаво еден за друг и да се почитуваат поинакви ставови и да се здружат за изнаоѓање заеднички јазик истакна таа со напомена дека никогаш не треба да се изгуби „широка слика- Тоа беше нејзин втор говор во рок од еден месец во кој зборуваше за потреба за толеранција.