Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Еквадор, 27 километри северно од градот Санта Елена, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од 18,5 километри, пренесе „Ројтерс“.
Засега нема податоци за тоа дали потресот предизвикал материајлна штета или има повредени.