Свет 13. октомври 2018. / 22:03

Екстремисти на Исламска држава киднапирале 130 семејствa!

Екстремисти на Исламска држава киднапирале 130 семејствa!

Екстремисти на Исламска држава киднапирале 130 семејства, претежно жени, од провинцијата Деир ал-Зур во источна Сирија, објави сириската опсерваторија за човекови права (СОХР).

Оттаму додаваат дека киднапирањата се случиле во петокот, при изненаден напад од страна на милитантите во камп за раселени лица.

„Екстремистите зедоа заложници во западната енклава што ја контролираат источно од реката Еуфрат во Деир ал-Зур“, додаваат од СОХР.
Извор од опозицискиот совет во Деир ал-Зур рекол дека екстремистите на ИД земале стотици луѓе од кампот Хаџин и киднапирале 23 борци на Сириските демократски сили (СДФ), под водство на Курдите.

Во руралните области на Деир-ал-Зур продолжуваат жестоките конфликти меѓу ИД и СДФ.