Свет 07. октомври 2019. / 10:16

Експретседателот на САД, Џими Картер се повреди дома

Експретседателот на САД, Џими Картер се повреди дома

Поранешниот американски претседател Џими Картер (95) паднал во својот дом во државата Џорџија, но како што изјави неговата портпаролка, се чувствува добро.

Картер, како што е наведено, присуствувал на хуманитарена настан во Нешвил. Портпаролката рекла дека му биле ставени неколку конци над веѓите.

Тој се чувствува добро и сака да ве известам дека тој и неговата сопруга ќе присуствуваат на претставувањето на проектот „Живеалишта за луѓе во Нешвил“ рекла портпаролката на експретседателот.

Картер беше претседател на САД од 1976 до 1980 година, а трката за втор мандат ја загуби од Роналд Реган. Од кога ја напушти функцијата, Картер се занимава со хуманитарна работа, за што е и наградуван.