Свет 06. јануари 2021. / 22:06

Експлозивна направа пронајдена во седиштето на републиканците

Експлозивна направа пронајдена во седиштето на републиканците

Експлозивна направа е пронајдена во седиштето на Републиканската партија, но веднаш била безбедно деактивирана, објави во средата „Њујорк тајмс“.

Истите извори додаваат дека просториите на Демократската партија биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Претходно истиот ден, демонстрантите кои ги оспоруваа резултатите од изборите во 2020 година влегоа во зградата на Конгресот, каде што, наводно, било пукано во едно лице.