За време на експлозијата на универзитетот Џиотон во Пекинг загинаа тројца студенти а шест се тешко повредени, соопшти денес кинеската противпожарна служба, пренесе Ченел њуз Азија.
Експлозијата се случила кога студентите од катедрата за екологија спроведувале експеримент од областа прочистување на отпадни води.
Пожарникарите рекоа дека пожарот што избувнал по експлозијата е под контрола.
Деталите за инцидентот не се објавени.
Индустриските несреќи се чести во Кина, каде често безбедносните регулативи слабо се спроведуваат.