Најмалку три лица се во критична состојба по експлозијата што се случила во бунгалов во тинејџерски камп во Монро, Њујорк.
Комесарот за вонредни состојби на Оринџ Каунти, Вини Танкасали, изјави дека 14 лица се повредени во експлозија и пожар. Според него, осум противпожарни бригади го гаселе огнот околу 40 минути.
Соседите изјавиле дека еврејското училиште најверојатно го изнајмило бунгаловот на неколку дена. Официјални лица се обидуваат да утврдат дали гас е причина за експлозијата.