Свет 12. август 2018. / 17:28

Експлозија во Сирија: Над 35 загинати

Експлозија во Сирија: Над 35 загинати

Најмалку 36 лица загинаа, а повеќе се повредени во експлозија во северна Сирија, објави новинската агенција АП.

Причината за експлозијата засега е непозната, соопштија опозициските активисти, кои тврдат дека тоа се случило во селото Сармада во близина на турската граница.

Според нивните искази, поради експлозијата се урнале две згради со пет ката, а многу жртви биле затрупани под урнатините.

Од друга страна, Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон изјави дека бројот на жртви изнесува 39, вклучувајќи 20 жени и деца.

Обсерваторијата наведува дека експлодирал склад за оружје во подрум во една од зградите.