Свет 15. март 2020. / 21:10

Експлозија во Нигерија: Петнаесетина загинати, срушени 50 згради

Експлозија во Нигерија: Петнаесетина загинати, срушени 50 згради

Најмалку 15 луѓе загинале, а двајца се спасени при експлозија во главниот град на Нигерија, Лагос.

Експлозијата во областа Лагуш Амуво Одофин се слушнала на далечина од неколку километри. Во неа се уништени повеќе од 50 згради во три различни населби, кои или се урнале или се запалиле, соопшти Националната агенција за управување во вонредни ситуации.

Пожарот се проширил и на блиските нафтоводи, па постои страв од оштетување или експлозии. Се стравува и дека бројот на смртни случаи би можел да се зголеми, бидејќи очевидци тврдат дека некои луѓе останале блокирани во урнатите згради. Една од урнатите згради е училиште, од кое биле спасувани деца.

Засега се уште не е позната причината за експлозијата.