Повеќе од 300 луѓе се заробени на траект кој се запали на Балтичкото море, по експлозија.
Несреќата се случила во близина на Калининград.
Литванските и руски служби за спасување се веќе на лице место.
Во прашање е Реџина Сивејс траект со 355 патници, кој плови од германскиот град Кил до литванскиот град Клаипеда. Експлозијата се случила во инженерското одделение, по што избувнал пожар.
Наскоро се очекуваат повеќе информации.