Силна експлозија одекна на бензинска пумпа, во близина на италијанскиот главен град Рим, со што загинаа две лица, а неколкумина се повредени.
Несреќата се случила во малото место Риети, а животот го загубиле еден цивил и еден пожарникар.
Во гасењето на пожарот учествувале седум пожарникари, а во моментот на експлозијата таму имало и осум лица. До експлозијата дошло во миговите кога цистерната полнела гориво на бензинската пумпа.
После експлозијата дошло и до пожар.