Две експлозии одекнаа во луксузен хотелски комплекс во главниот град на Кенија, Најроби, а се слушале и истрели од огнено оружје.
Според локалните медиуми, четворица вооружени мажи влегле во комплексот и отвориле оган по што детонирале и експлозивни направи.
Одговорност за нападот презеде терористичката организација Ал Шабаб.
Во изминатите години во Кемија беа извршени повеќе терористички напади најмногу во областа во близина на границата со Сомалија.
Во септември 2013 година, милитанти на Ал Шабаб отворија оган во трговски центар во Кенија, таргетирајќи случајни минувачи, за време на 80 часовна опсада 67 лица го загубија животот.