Свет 03. мај 2020. / 23:10

Експерт од Шведска: Нема да имаме нов бран од Ковид-19 наесен, ќе имаме имунитет

Експерт од Шведска: Нема да имаме нов бран од Ковид-19 наесен, ќе имаме имунитет

Шведскиот епидемиолог Јохан Гисеке, кој е еден од главните советници на шведската влада во справувањето со коронавирусот вели дека нема да има нов бран на заболени со Ковид-19 во наесен во таа земја, бидејќи ќе имаат стекнато колективен имунитет.

Гисеке во интервју на хрватски „Нови лист“ зборува опширно за моделот што Шведска го избра за справување со ковид-19.

„Луѓето кои се заштитени од коронавирусот благодарение на карантинот има шанси да се разболат кога тие забрани ќе бидат укинати. Ниту во Шведска сега не функционира се нормално, но тоа не е наредба. Им објаснивме на луѓето каква е болеста и како треба да се заштитат и тие тоа го почитуваат“, вели Гисеке.

Тој вели дека до пред еден месец бил многу критикуван за таканаречениот шведски модел, но во последниов период се повеќе луѓе се интересираат за тој пристап.

„Луѓето не се глупави, ако им кажете што е добро за нив и тоа им го објасните, тие ќе ве послушаат. Добро е сè додека поголемиот дел од луѓето го прават тоа што сте го препорачале, не мора тоа да го прави 100 отсто од граѓаните, доволно е примерни да бидат 90 отсто“, вели Гисеке.

Тој вели дека благодарение на отворениот пристап кон корона-кризата на Шведска до есен голем дел од жителите на земјата ќе имаат стекнато имунитет и повеќе нема да расте бројот на заболени.

„Очекуваме вирусот да биде присутен и во текот на летото, но наесен нема да имаме втор бран, бидејќи до септември ќе имаме колективен имунитет“, вели Гисеке.

Иако, многумина сметаа дека шведскиот модел дека е неетички, бидејќи на некој начин ги „жртвува“ ризичните групи, Гисеке со тоа не се сложува.

„Луѓе ќе умрат и во другите земји, но голем проблем е што ниту една земја не се подготви добро да ги заштити возрасните и инфекцијата речиси насекаде низ светот влезе во домовите за стари лица“, вели тој.

Според него, пристап како Шведска предлагале и Данска и Норвешка, но таму политичарите одлучиле да го прифатат моделот што го користат повеќето земји во светот и воведоа целосно заклучување на земјите.

Шведскиот експерт вели дека и во случај на втор бран, никој не треба повторно да прогласува карантинска состојба. Според него, епидемијата ќе биде завршена до крајот на годината и вакцината кога и да се појави, ќе биде залудна.