Свет 20. мај 2020. / 16:09

Експериментална вакцина против Ковид-19 создала антитела кај глувци, се очекуваат резултати кај луѓето

Експериментална вакцина против Ковид-19 создала антитела кај глувци, се очекуваат резултати кај луѓето

Американска компанија за имунотерапија објави дека се покажало дека нејзината експериментална вакцина за спречување на инфекција од коронавирусот создала заштитни антитела и реакции на имунолошкиот систем кај глувци и заморчиња.

„Видовме реакции на антитела што прават многу работи што би сакале да ги видиме во можна вакцина. Ние сме во состојба да се фокусираме на работи што би спречиле вирусот да има засолниште во телото“, рече д-р Дејвид Винер, директор на центарот за вакцини и имунотерапија во Институтот Вистар, кој работи со иновативни фармацевтски производи, чија вакцина е во прашање.

Компанијата Инови која започна да ја тестира вакцината врз луѓето во април, рече дека првичните резултати се очекуваат во јуни. Раководителот за истражување и развој во Инови, д-р Катерин Бродерик, рече дека кај некои луѓе се појавува мало црвенило на рацете.

Кога ќе пристигнат прелиминарните резултати очекувам Иновио да се поврзе со Управата за храна и лекови на САД и да добие одобрување за втората и за третата фаза во јули или август, рече Бродерик.

Во моментов нема одобрени лекови или вакцини за Ковид-19 и експертите предвидуваат дека безбедна и ефикасна вакцина може да се развие за 12 до 18 месеци.