Јужнокорејската автомобилска компанија „Киа Моторс“ го извести синдикатот дека планира да ја прекине работата во своите три фабрики во земјата, поради намалениот извоз во Европа и САД предизвикан од пандемијата на корона вирусот.
Синдикатот се уште не дал согласност за планот на менаџментот со кој, во моментов, преговара за плати, соопшти претставник на синдикатот, без да открие повеќе детали.
Работата во фабриките би запрела од 23 до 29 април.
Од менаџментот на „Киа Моторс“ за сега нема коментар за ова прашање.