Свет 17. април 2019. / 21:30

Еколошките активисти во Лондон се залепија со суперлепак за воз

Еколошките активисти во Лондон се залепија со суперлепак за воз

Со часови лондонската полиција ги одлепуваше активистите , кои и покрај апсењата , трет ден протестираат во центарот на Лондон.

Тие бараат прогласување на вонредна еколошка состојба . Денеска се залепија со суперлепак за воз за да ја спречат полицијата да ги одвлече и приведе како вчера.

Демонстранттие , кои се дел од движењето Extinction Rebellion, од понеделникот го блокираат центариот ан Лондон и најфреквентните сообраќајници и плоштади.

Во текот на протестите полицијата уапси над 300 демонстранти под изговор дека им ја загорзуваат безбедноста на жителите на Лондон и не може да функционира сообраќајот.