Свет

ЕК се огласи: Јункер не беше пијан, се работи за нешто друго (ВИДЕО)

ЕК се огласи: Јункер не беше пијан, се работи за нешто друго (ВИДЕО)

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер имаше болен напад на ишијас на самитот на НАТО порано неделава, соопшти портпаролот на Комисијата, Маргаритис Шинас.

Тој смета дека се повеќе од невкусни коментарите на медиумите дека Јункер бил пијан.

„Во средата вечерта, тој имаше особено болен напад на ишијас, кој го следеа и грчеви“, вели Шинас, додавајќи дека Јункер е благодарен за помошта која му ја пружија премиерите на Хландија и на Португалија.

Јункер во средата вечерта, пред гала вечерата на лидерите на НАТО, изгуби рамнотежа неколку пати, одеше несигурно и се сопнуваше.