Властите на Саудиска Арабија привеле египетски работник во хотел откако на видео-снимките забележале дека појадува со колешката од Саудиска Арабија, соопшти Министерството за труд, кое го повикало и сопственикот на хотелот на разговор.
На снимката, која се појавила на социјалните мрежи, може да се види парот како појадува на маса и како мавтаат кон камерата. Во еден момент, жената која е традиционално целосно покриена, освен рацете и превезот на очите, го рани мажот.
Во соопштението на Министерството се наведува дека инспекција на Министерството го посетила хотелот во Мека и го привела Египќанецот поради кршење на прописите, вклучувајќи ја и работа во професија која е ограничена само за Саудијци.
Сопственикот на хотелот е исто така повикан бидејќи ги прекршил прописите во врска со просторот и вработувањето на жена.
Според владините одредби, на работното место мораат да се обезбедат посебни простории за жени, а посебни за мажи, но во пракса тоа не се применува толку строго.
Обвинителството подоцна издало соопштение во кое апелира до странските државјани да ги почитуваат законите и прописите на Саудиска Арабија и нејзината традиција.
#وزارة_العمل_والتنمية_الاجتماعية تضبط وافداً في #جدة ظهر في مقطع فيديو مسيء وتستدعي صاحب المنشأةhttps://t.co/ClUIvXzNPD pic.twitter.com/FYVouEKSDw
— وزارة العمل والتنمية الاجتماعية (@MLSD_SA) September 9, 2018