Свет 08. ноември 2018. / 20:48

Египет: 65 лица осудени за тероризам

Египет: 65 лица осудени за тероризам

Египетскиот суд денеска осуди 65 лица за кои се верува дека се екстремисти или членови на терористичка група.

Според доказите со кои располага судот, лицата на кои денеска им беше изречена казна ја изразиле својата лојалност кон екстремистичката група на Исламската држава.

18 од 65-те лица беа осудени на доживотен затвор, 41 лице се осудени на казна затвор во времетраење од 15 години, а шест лица беа осудени на казна затвор во времетраење од пет години.