Свет 05. јуни 2018. / 09:56

Eдвај слетале, стаклата искршени – авион влета во невреме (ВИДЕО)

Eдвај слетале, стаклата искршени – авион влета во невреме (ВИДЕО)

Авион на компанијата Американ Ерлајнс, кој вчера вечерта полетал од Сан Антонио во Тексас кон Финикс во Аризона, принудно слетал во Ел Пасо во Тексас, откако град го оштетил предното стакло, што предизвикало мачнина кај поедини патници.

Еден од пилотите рекол дека едвај гледаат низ предното стакло. Авио – компанијата наведува дека никој не е повреден кога авионот влетал во невремето над Ново Мексико, поради што свртел кон југ за да слета во Ел Пасо во Тексас.

 

Во авионот мало 130 патници и 5 членови на екипажот. Еден од патниците Хесус Еспарса рекол дека видел молњи и град, а дека авионот почнал да пропаѓа како на релеркостер.