Свет 28. јуни 2018. / 22:31

Едно лице уапсено откако застрела најмалку четворица во новинска редакција во Мериленд

Едно лице уапсено откако застрела најмалку четворица во новинска редакција во Мериленд

Најмалку четири лица се застрелани во новинската редакција на весникот „Капитал“, во Анаполис, Мериленд.

Локалната полиција на Твитер соопшти дека зградата е евакуирана и оти одговарила на повикот, со кој им било јавено дека некоја личност пука кон вработените.

Локалниот шериф Рон Бејтмен изјави дека еден осомничен е уапсен.

Претходно, „Д Балтимор Сан“, кој го поседува весникот од Анаполис, потврди дека имало пукање во редакцијата.