Свет 18. ноември 2020. / 11:34

Едно дете убиено и петмина повредени во ракетниот напад во Багдад

Едно дете убиено и петмина повредени во ракетниот напад во Багдад

Вчера вечер, главниот град на Ирак – Багдад, беше погоден од ракетен напад, а четири од ракетите слетаа во силно утврдената и безбедна „Зелена Зона“.

При нападот, убиено е едно дете, а повредени се најмалку пет цивили, изјави Ирачката војска.

Овој напад претставува ставање крај на неформалното примирје потпишано од воените групи и единици поддржувани од Иран, за кои се смета дека се одговорни за нападот.

Една од ракетите, како што тврдат од ирачката војска, погодиле во близина на Ирачката служба за национална безбедност која се наоѓа на само 600 метри од Американската амбасада.

Некои од ракетите пак, биле пресретнати од C-RAM системот за воздушна одбрана, поставен од САД рано оваа година.

Три ракети слетале надвор од тн. „Зелена Зона“, една погодила во непосредна близина на Багдадската болница, една на портите на јавен парк, додека третата експлодирала во возух.

Покрај цивилите, повредени се и двајца припадници на безбедносните сили на Ирак.

За сега, никој нема преземено официјална одговорност за нападот, кој дојде само неколку часа по одлуката на САД да повлече уште 2,500 војници од Ирак и Авганистан.