Пред една година, Кина го објави првиот смртен случај од коронавирусот во Вухан, а една година подоцна, вирусот зема повеќе од 1,9 милиони животи ширум светот.
Сепак, во градот со 11 милиони жители во централна Кина, каде се појави првиот познат случај на инфекција, вирусот е изгаснат, пишува Гардијан.
Годишнината од првата смрт од коронавирусот поминува незабележано во Вухан – луѓето одат слободно на работа, а парковите и шеталиштата покрај реката се преполни со луѓе кои пешачат.
На 11 јануари минатата година, Кина го потврди првиот смртен случај од непознат вирус. Тогаш почина 61-годишен маж кој беше редовен клиент на сега веќе неславниот пазар во Вухан.