Свет 14. мај 2018. / 13:30

Еден загинат и 22 повредени во судири во Појасот Газа пред отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим

Еден загинат и 22 повредени во судири во Појасот Газа пред отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим

Еден Палестинец загина во Појасот Газа, откако беше застрелан од израелски војници, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Илјадници Палестинци се собраа по границата на палестинските територии со Израел, за да протестираат против преместувањето на американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Протести се претворија во судири во кои се повредени 22 Палестинци.

Демонстрантите се обиделе во мали групи да се доближат до оградата која ја обезбедувале тешко вооружени израелски војници. Групите се обиделе да ја нападнат границата и фрлале камења врз војниците кои одговориле со пукање.

Во Газа денеска се затворени училиштата, продавниците и институциите.